Top Sport

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата на „јорганџиите“ (2:0). На „Метрополитано“, Атлетико ја преживеа пред сè катастрофалната игра на Клемон Ленгле, кој беше виновникот за двата гола. На крајот пресуди голот на Адемола Лукман во 31-та минута.

Барселона го стигна минусот од „Камп Ноу“ за само 24 минути. Во четвртата минута, ужасна реакција на Ленгле, буквално му подари гол на Јамал. 20 минути подцна, Феран Торес му избга на Ленгле и успеа да го совлада Мусо.

Клучниот момент се случи во 31-та минута, Гризман го исфрли по десната страна Љоренте, кој му асистираше на Лукнан.

Имаа до крајот на полувремето двата тима свои шанси, но резултатот остана.

Вториот дел донесе гол на Феран Торес, но ВАР се активираше и го поништи голот.

Клучнем момент во вториот дел беше влегувањето на Серлот во 76-та минута. Три минути подцна Норвежанецот изнуди црвен картон за Ерик Гарсија.

Атлетико го забележа првиот пораз на домашен терен во нокаут фазата од 1997 година, кога тренерот Симеоне беше играч.

Во полуфиналето, Атлетико ќе игра против Арсенал или Спортинг.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');