Дејвид Бекам, ко-сопственикот на Интер Мајами го прославил дебито на Лионел Меси за неговиот клуб со песна на Спајс грлс во бурна забава со неговата сопруга Викторија.
Меси постигна фантастичен гол од слободен удар во 94. минута за 2:1 победа над мексиканскиот Круз Азул во петокот, додека на трибините имаше огромен број на ѕвезди како Ким Кардашијан, Леброн Џејмс и Серена Вилијамс. Кога заврши мечот, Бекам беше забелжан како ја пее песната на Спајс грилс „Say You’ll Be There“, нешто што го сподели самата Викторија.
„Само обична вечер во Мајами“, напиша Викторија, која беше дел од славната женска група од 1990-тите.