Реал Мадрид ја забележа и втората победа во второто коло од новата сезона во шпанската Ла лига, предводени од новото засилување Џуд Белингем, кој постигна два гола при 3:1 победата на гости кај Алмерија.
Серхио Арибас ги шокираше „кралевите“ уште во третата минута за неочекувано водство на домаќините, но потоа на сцена стапи скапото засилување на Флорентино Перез, Џуд Белингем, кој покажа дека е вистински „галактикос“.
Тој во 19. минута од мечот го постигна својот втор гол во Ла лига за да израмни, за по еден час игра да ги донесе „кралевите“ во водство со својот втор гол, а ако тоа не беше доволно, во 73. минута му асистираше на Винисиус Жуниор за 3:1. Бразилецот сакаше да ја покаже класата на својот соиграч и во негова чест прославуваше како него.
Тимот на Карло Анчелоти има 2 победи во првите два меча и е на врвот на табелата со шест поени.