Top Sport

(Видео) Блицкриг Челзи на „Крејвен Котиџ“

Фудбалерите на Челзи славеа на гости против Фулам (2:0), во последниот натпревар од седмото коло на Премиер лигата.

„Сините“ до триумфот стигнаа благодарение на головите во интервал од 60 секунди, стрелци беа Михаило Мудрик во 18. минута (прв гол во Премиер лигата откако дојде во Челси), а Армандо Броја во 19. минута.

На „Крејвен Котиџ“, Челзи ја постигна првата победа по три кола во кои не можеше ниту да постигне гол.

До крајот на натпреварот, избраниците на Маурицио Почетино ја задржаа предноста и стигнаа до осмиот бод во сезоната, што им е доволно на 11. позиција.

Исто толку бодови има и Фулам, кој е 13. поради послабата гол разлика.

Scroll to Top