Top Sport

(Видео) Борусија Дортмунд пропушти 2:0 за реми со новиот прволигаш Хајденхајм

Борусија Дортмунд постигна два гола рано во мечот, по што дозволија новиот прволигаш Хајденхајм да се врати за 2:2 реми, второ за „милионерите“ во три кола во во германската Бундеслига.

Емре Џан прво му асистираше на Јулијан Бранд по само седум минути домаќините да дојдат до водство, за веќе во 15. минута да биде 2:0 по досудениот пенал за „милионерите“, кој сигурно го реализираше токму Џан.

Меѓутоа, Хајденхајм, кои влегоа во мечот со два порази на стартот на сезоната во 61. минута израмнија со голот на Ерен Динкџи, пред во 82. минута да биде досуден пенал за гостите, кој Тим Клајдинст сигурно го реализираше за 2:2.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top