Top Sport

(Видео) Митро-гол со хет-трик го фрли во сенка голот со петица на Бензема!

Ал-Хилал со 4:3 го доби дербито во саудиската лига против Ал-Итихад благодарение на неверојатниот хет-трик на српскиот напаѓач, Александар Митровиќ за избивање на првото место на табелата по пет кола.

Ромарињо ги донесе домаќините Ал-Итихад во водство по 16 минути игра, но тогаш Митровиќ одговори со прекрасен гол само четири минути подоцна. Тогаш на сцена стапи Карим Бензема и поранешната ѕвезда на Реал Мадрид врати со гол со петица во 38. минута, пред Хамдала во финишот на полувремето да донесе 3:1 водство.

Но, Митровиќ потоа во 60. минута постигна гол од игра, а пет минути подоцна од пенал за 3:3, за Сергеј Милинковиќ-Савиќ да му асистира на Давсари во 71. минута за конечни 3:4.

Scroll to Top