Top Sport

(Видео) Боуен ја донесе титулата од Конференциската лига за Вест хем!

Џерод Боуен постигна гол во 90. минута за да осигура 2:1 победа на Вест хем јунајтед над Фиорентина во финалето на Конференциската лига Европа за прв европски трофеј на „чеканите“ од далечната 1965 година.

Вест хем први дојдоа во водство во 61. минута, кога беше доделен „мек“ пенал за англискиот клуб, а Саид Бенрама беше безмилосен од белата точка. Славјето не траеше долго време, откако Џакомо Бонавентура само пет минути подоцна донесе израмнување со прецизен удар од шестнаесетникот.

Кога изгледаше дека финалето ќе оди во продолженија, Лукас Пакуета имаше фантастична асистенција до брзиот Боуен, кој постигна убав гол за голема победа. Ова е втор европски куп за „чеканите“ по тој од 1964/65, кога беа шампиони во поранешниот Куп на победници на купови.

Ова е втор пораз за италијански клуб во европските финалиња оваа сезона, откако Севилја ја совлада Рома на пенали во финалето на Лига Европа. Во сабота, трет италијански клуб, Интер ќе се судри со Манчестер сити во најголемото финале, Лигата на шампиони.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top