Top Sport

(Видео) Брентфорд доминираше против Јунајтед па спаси бод во 99.минута

Фудбалерите на Брентфорд и Манчестер јунајтед ремизираа 1:1 во Лондон на крајот од саботната програма од 30. коло на Премиер лигата.

Она што требаше да биде рутинска работа за избраниците на Ерик Тен Хаг се претвори во кошмар. Деветти пат на последните 11 натпревари кон голот на „црвените ѓаволи“ беа упатени повеќе од 20 удари, а во двата наврати кога тоа не се случи, кон голот на Онана беа упатени 16 и 17 удари.

Брентфорд го заврши натпреварот со 31 удар, три пати стативата беше сојузник на Онана.

Нереализираните шанси на Брентфорд ги казни Мејсон Маунт во 96. минути. Ова негов прв гол во Премиер лигата по 2022 година.

Радоста на Маунт и Манчестер јунајтед ја расипа Кристофер Ајер, кој го постави конечниот резултат во 99.минута.

Премиер лига, 30 коло:

Сабота:

Њукасл – Вест Хем 4:3 (1:2)
Исак 6п, 77 п, Барнс 83, 90 – Антонио 21, Кудус 45+10, Бовен 48

Борнмут – Евертон 2:1 (0:0)
Соланке 64, Колман 90+1аг – Бето 87

Челзи – Барнли 2:2 (1:0)
Палмер 44 п, 78 – Кален 47, О’Ши 81

Нотингем Форест – Кристал Палас 1:1 (0:1)
Вуд 61 – Матета 11

Шефилд Јунајтед – Фулам 3:3 (0:0)
Бреретон Дијаз 58, 70, МекБурни 68 – Палиња 62, Де Кордова Рид 86, Муниз 90+3

Тотенхем – Лутон 2:1 (0:1)
Каборе 51аг, син 86 – Чонг 3

Астон Вила – Вулверхемптон 2:0 (1:0)
Дијаби 36, Конса 65

Брентфорд – Манчестер Јунајтед 1:1 (0:0)
Ајер 90+9 – Монт 90+6

недела:
15:00 Ливерпул – Брајтон
17:30 Манчестер Сити – Арсенал

Scroll to Top