Великанот на бразилскиот и светскиот фудбал, Дани Алвеш е соочен со затворска казна од девет до 12 години, за кривично дело полов напад.
Алвеш наводно силувал девојка ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2022 година во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона. Денеска треба да започне судењето на Дани Алвеш. Периодот од апсењето до почетокот на судењето тој го мина во притвор.
Обвинителството бара девет години затвор за фудбалерот, додека адвокатите на оштетната девојка бараат максимална казна од 12 години. Одбраната, од друга страна, се обидува да постигне компромисен договор за да го спречи одржувањето на судењето, што може да се случи денеска. Ќе сведочи жртвата, потоа нејзиниот роднина и пријател, потоа вратарот на ноќниот клуб и двајца келнери.
🔴Dani Alves ya está en la Audiencia Provincial de Barcelona
Así llegó el exfutbolista brasileño, escoltado y en un furgón de los Mossos
👨⚖️A las 10 arranca el juicio por delito agresión sexual
🗣️ Declararan 28 testigos. Hoy, 6. Mañana, 22
📹 @DBR8 https://t.co/rVCXqFrZgO pic.twitter.com/8FvTLtzP8q
— Diario SPORT (@sport) February 5, 2024
Алвеш редовно го менуваше својот исказ за настаните. Најпрвин негирал дека ја познава девојката, а во една од последните изјави пред истражните органи призналд дека имало сексуален однос. ДНК тестовите покажале дека имало пенетрација, што славниот фудбалер на крајот го признал како консензуален сексуален чин.
Како што соопшти Врховниот суд на правдата на Каталонија, распоредот на судскиот процес против Дани Алвеш е следниот: фазата на прелиминарни прашања, испитувањето на шестмина сведоци и изјавата на фудбалерот ќе се одржи денеска, со можност за одложување на рочиштето.
Утре е денот на сведочењето, повикани се 22 сведоци и конечно, среда ќе биде денот на вештачење.
Алвеш од затворот пристигна во Провинцискиот суд на Барселона.
⚖️ Judici a Dani Alves.
L'advocada de l'exfutbolista sol·licita la nul·litat del procediment i la suspensió del judici | @RTVECatalunya @Palacios_Isabel
➕ Info: https://t.co/f9rd18dPKT pic.twitter.com/PBMNjZuNiL
— RTVE Notícies (@rtvenoticies) February 5, 2024