Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на фантастичен начин дебитираше на официјален натпревар за Фенербахче.
Првиот настап го забележа во победата од 5:0 над молдавски Зимбру во 2. коло од квалификациите за пласман во групите од Конференциската лига.
Џеко играше и постигнуваше голови за Фенербахче во подготвителниот период. Вечерва првпат имаше можност да им покже на навивачите дека ќе биде вистинско засилување за Фенербахче. Тој постигна гол и додаде две асистенции во одлична претстава.
Реваншот се игра за една недела во Кишињев, но веќе е јасно дека Фенербахче ќе игра во третото прелиминарно коло од Конференциската лига.
🤩 Söz şimdi Dzeko'da 🎶
pic.twitter.com/ykRdelfBmO— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 26, 2023