Столе Димитриевски и Валенсија, се чини дека изборија опстанок во Примера, откако во 35-то коло, во Билбао го победија Атлетик со 1:0. Парадокс е што Валенсија, која има пет бода повеќе од првиот тим во опасната зона, со овој трумф се вмеша во борбата за пласман во Конференциската лига.
Натпреварот на „Сан Мамес“, во Билбао го реши Умар Садик во 72-та минута. Валенсија и пред тој гол имаше одлична шанса да поведе. „Лилјаците“ добија пенал во 27-та минута, но Уго Дуро ја погоди пречката.
Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, бранеше без грешка, имаше четири успешни интервенции. Димитриевски натпреварот го заврши и како најдобро оцент во двата тима.
Foto/ EPA
