Top Sport

(Видео) Елмас и Несторовски стартери, порази за Наполи и Удинезе

По освојувањето на титулата, нормално е атмосферата во тимот на Наполи да биде на ниско ниво, така што не изненадува 2:0 поразот на гостувањето кај Монца на Силвио Берлускони во 35. коло во Серија А.

Во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и остана во игра до 62. минута, Монца поведе во 18. минута со голот на Дани Мота, а триумфот беше потврден во 53. минута со голот на Андреа Петања.

И Илија Несторовски беше стартер за Удинезе, а неговиот тим доживеа пораз на гости, овојпат кај Фиорентина. Гаетано Кастровили во 18. минута од мечот донесе водство за Виола, за во 90. минута од мечот, Џакомо Бонавентура да постигне убав гол за потврда на триумфот.

СЕРИЈА А, 35.КОЛО
Монца – Наполи 2:0
Фиорентина – Удинезе 2:0

Scroll to Top