Аталанта на Елиф Елмас и Сент Труден на Висар Муслиу, славеа победи со своите тимови во првото коло од Лигата на конгференции.
Аталанта го победи Пафос со 3:1, а победата ја обезбеди по само едно полувреме. Триумфот го најави Елмас со гол по само 45 секунди, по асистенцијата на Џакомо Распадори.
За Елмас ова е прв гол во дресот на Аталанта откако во летниот преоден рок пристигна од Лајпциг.
Предноста на Аталанта ја зголеми Распадори во 18-та минута. Проблем за екипата од Бергамо претставува повредата на Распадори кој го напушти теренот три минути подоцна. Третиот гол за екипата од Бергамо го постигна Џанлука Скамака во претпоследната минута од првиот дел.
Сент Труден славеше во дуелот со Ибериа 1999 од Грузија со 2:0. Висар Муслиу го одигра целиот натпревар за белгискиот тим. Инаку Сент Труден победи со головите на Ванмеслаел во 11-та и Себуи во 88-та минута.
Foto/ EPA
