Top Sport

(Видео) Евертон останува премиерлигаш, Лестер и Лидс во втора лига

Евертон го направи потребното, победувајќи ги Борнмут со 1:0 за да изборат опстанок во Премиерлигата во последното 38. коло, праќајќи го шампионот од 2017 година, Лестер, како и Лидс јунајтед во понизок ранг.

Тимот на Шон Дајч, стигна до најважните три поени со прекрасниот гол на Абдулаје Дукуре во 57. минута од мечот, што значеше дека 2:1 победата на Лестер над Вест хем не е доволна да ги остави „лисиците“ во елитата. Лидс своите шанси за опстанок ги уништи со 1:4 пораз од Тотенхем.

На другиот крај на табелата, шампионите Манчестер сити загубија со 1:0 од Брентфорд, Арсенал со двата гола на Гранит Џака стигна до 5:0 победа над Вулфс, додека Манчестер јунјтед со 2:1 победа над Фулам го обезбедија третото место пред Њукасл, кои одиграа 1:1 со Челси.

ПРЕМИЕРЛИГА, 38.КОЛО
Арсенал – Вулверхемптон 5:0
Астон вила – Брајтон 2:1
Брентфорд – Манчестер сити 1:0
Челси – Њукасл 1:1
Кристал палас – Нотингем форест 1:1
Евертон – Борнмут 1:0
Лидс – Тотенхем 1:4
Лестер – Вест хем 2:1
Манчестер јунајтед – Фулам 2:1
Саутемптон – Ливерпул 4:4

Scroll to Top