Top Sport

(Видео) Кевендиш се прости со победа, Роглич ја потврди титулата

Марк Кевендиш, британскиот спринтер кој ќе се пензионира на крајот на сезоната, стигна до својата последна етапна победа на Џиро Д’Италија, триумфирајќи на последната 17. етапа во Рим, каде што Словенецот Примож Роглич ја прослави својата прва победа во генерален пласман на италијанската класика.

Велосипедистот на Џамбо-Висмa, Роглич, кој да потсетиме има и хет-трик победи на Вуелта Еспања, ја осигура победата на вчерашната претпоследна етапа, трката на хронометар, за денеска во рамната етапа безбедно да заврши во главната група и да спречи било каква реприза од Тур де Франс во 2020. Тогаш, неговиот сонародник Тадеј Погачар го победи на последната етапа и му ја одзеде титулата.

Scroll to Top