Top Sport

(ВИДЕО) Фиорентина го шокираше Наполи

Италијанскиот првак Наполи доживеа уште еден непријатен пораз на домашен терен откако загуби од Фиорентина со 1:3. Елиф Елмас не доби шанса и остана на клупата за резерви, а неговите соиграчи не одиграа најдобар меч.

Фиорентина поведе со голот на Брекало во седмата минута, а израмни Виктор Осимен од пенал во последните мигови од првиот дел.

Сепак, Фиорентина стигна до триумф со головите на Бонавентура и на Нико Гонзалес во вториот дел од дуелот.

Scroll to Top