Top Sport

(ВИДЕО) Гранада и „скина“ бод на Барселона

Барселона не успеа да слави на гостувањето против Гранада и одигра 2:2. Домаќинот е претпоследен на табелата во Ла Лига со само шест бода, но му „скина“ два бода на големиот фаворит.

Брајан Сарагоса беше херој за Гранада на овој меч. Постигна два гола во првото полувреме, во првата и во 29.минута, а Барселона ја врати надежта со голот на Ламин Јамал во 45.минута.

Во вториот дел, Серхи Роберто постигна гол за израмнување во 86.минута, а во судиското продолжение Жоао Феликс ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд позиција.

 

Scroll to Top