Top Sport

(Видео) Фиорентина во 129. минута го шокира Базел, сите европски финалиња со италијански клуб

Фиорентина осигура и третото европско финале, во најновото натпреварување, Конференциската Лига Европа да има италијански претставник, откако во драматична завршница во 129. минута од продолженијата стигнаа до 1:3 победа над Базел.

Откако Интер е во финалето на Лигата на шампиони против Манчестер сити, а Рома ќе се судри со Севилја во финалето на Лига Европа, Фиорентина осигура меч со Вест хем за „конференциската“ титула.

По разочарувачкиот домашен 1:2 пораз од Базел, малкумина ќе се обложеа дека Виола ќе направи подвиг во Швајцарија. Но, тие постигнаа два гола преку Нико Гонзалез за 2:1 по 90 минути, по што во продолженијата во 129. минута, Антонин Барак да им донесе голема победа и финале.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
АЗ Алкмар – Вест хем 0:1, прв меч 1:2, вкупно 1:3
Базел – Фиорентина 1:2, 1:3 по продолженија, прв меч 2:1, вкупно 3:4

Scroll to Top