Top Sport

(Видео) Севилја останаа мајстори за ЛЕ, ги „нокаутираа“ и Јуве!

Севилја ќе се судри со Рома во финалето на Лига Европа, откако шпанскиот клуб уште еднаш покажа дека е експерт за ова европско натпреварување, елиминирајќи го Јувентус по продолженијата со 2:1 победа.

Сезоната која почна кошмарно за анадалузискиот клуб, кој доцна обезбеди опстанок во Ла лига, сега може да заврши со европски трофеј. Откако во четврт-финалето успеаја да го „нокаутираат“ Манчестер јунајтед, сега дојде ред на Јувентус.

По 1:1 во првиот меч во Торино, во бурното прво полувреме Севилја сметаа дека се оштетени кога не беше досуден пенал за очигледен фаул, но потоа голот на Адриен Рабио беше поништен за рамнотежа. Во второто полувреме, Душан Влаховиќ ги донесе Јуве во водство во 65. минута со убав гол, но Севилја успеаја да вратат во 72. минута, кога Сусо постигна фантастичен гол од далечина.

Само што почна продолжението, во 95. минута, Ерик Ламела успеа да го совлада Војчех Шчесни за финале. Маркос Акуња доби втор жолт картон во финишот на второто продолжение, но домаќините издржаа до крајот.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Баер Леверкузен – Рома 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
Севилја – Јувентус 1:1, 2:1 по продолженија, прв меч 1:1, вкупно 3:2

Scroll to Top