Top Sport

(Видео) Флорентино Перез се расправеше со навивачите, Мбапе доби концерт од свирежи

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Овиедо со 2:0 (1:0) во последниот натпревар од 36-то коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевскиот клуб“ релативно лесно се спарви со тимот кој веќе се пресели во втората лига. Стрелци на головите беа Гонзало Гарсија во 44-та и Џуд Белингем во 80-та минута.

Мечот мина во мрачна атмосфера на полупразниот „Сантијаго Бернабеу“. На почетокот навивачите со свирежи го испратија претседателот Флорентино Перез. Тој тури влезе и во вербална расправија со дел од фановите, а на обезбедувањето му нареди да го отстрани транспарентот, на јужната триибина на кој пишуваше: „Флорентино оди си“.

Концерт од свирежи доби и најдобриот стрелец на тимот, Килијан Мбапе, кога во средишницата на второто полувреме влезе во игра.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');