Top Sport

(Видео) Фоден и Халанд за 14 минути ги решија „шумарите“

Фудбалерите на Манчестер сити го победија Нотингем Форест со 2:0 во шестото коло од Премиер лигата. Во попладневниот термин во Премиер лигата без победник завршија натреварите Лутон-Вулверхемптон и Кристал Палас-Фулам.

Фил Фоден во седмата и Ерлинг Халанд во 14. минута обезбедија максимален учинок на избраниците на Пеп Гвардиола по шест кола во Премиер лигата..

Како на плеј стејшн беа акциите за головите на Манчестер сити. Инаку, асистенти беа Вокер и Нуњез.

Ситуацијата на теренот малку се искомплицира на самиот старт од вториот дел, бидејќи Родри доби директен црвен картон во 46. минута.

Тоа не им помогна многу на „шумарите“ кои во судиското надополнување беа најблиску до постигнување на гол, но ударот на Боли го одбрани Едерсон.

Сити така го задржа максималниот учинок, шест победи во шест натпревари и е прв на табелата, додека Форест е на средината на табелата со седум освоени бодови.

Foto/EPA

Scroll to Top