Top Sport

Витсел: Каков проект? Не лажете. Во Кина и Арабија одиме само за пари

Летниот преоден рок го одбележа егзодусот на големи ѕвезди од европскиот фудбал во Саудиска Арабија Клубовите од Саудиска Арабија, или ако сакате државата, не штедеа пари Кристијано Роналдо, минатата зима за нереални 200 милиони евра по сезона, а потоа и Садио Мане, Марцело Брозовиќ, Нејмар, Карим Бензема, Н’Голо Канте, Ријад Махрез, Роберто Фирмино, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ…

Саудијците тврдат дека нивниот план е во наредните пет години нивната лига да биде на нивото на петте најсилни европски првенства. Амбициозен план нема што.

Сличен проект пред неколку години имаа и Кинезите. И тие донесоа голем број познати фудбалски имиња, но проектот им пропадна за неполни пет години.

Тогаш како голема ѕвезда, Аксел Витсел одби трансфер во Јувентус и се пресели на Далечниот Исток. Витсел сезоната 2017/2018 ја мина во кинескиот тим Тијанџин Куанџиан. Тој признава дека отишол таму за пари и вели дека приказната за каков било проект е лага.

„Одиме во Кина и Саудиска Арабија за пари. Немојте да се лажете и да кажете дека тоа е поради некој проект“, изјави играчот на Атлетико Мадрид.

Scroll to Top