Top Sport

(ВИДЕО+ФОТО) „Кралевите“ со поддршка за соиграчот: „Сите ние сме Винисиус, доста е“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор води голема борба со противничките навивачи кои го навредуваат со расистичките пораки. Неговите соиграчи пред денешниот меч против Рајо Валјекано на „Сантијаго Бернабеу“, порачаа: „Сите ние сме Винисиус. Доста е“.

Винисиус Жуниор го следи натпреварот од ВИП ложата заедно со претседателот на клубот, Флорентино Перез. Тој не игра поради мала повреда, иако му го поништија црвениот картон што го доби на мечот против Валенсија.

Scroll to Top