Top Sport

(ВИДЕО) Скандалозна реакција на тениски меч: Со рекет го кршеше столчето на судијата

Од АТП турнирот во Лион пристигнува невидена сцена во светот на тенисот. Шведскиот тенисер Микаел Имер беше дисквалификуван на крајот од првиот сет.

На мечот против Артур Филс, Имер со рекетот го кршеше судиското столче откако го загуби својот сервис за 6:5 во гемови во првиот сет.

Од рекетот остана само рачката, а Швеѓанецот веднаш беше дисквалификуван. На инцидентот му претходеше ситуација во која судијата во истиот гем, при 30:40, не сакаше да погледне каде падна топчето, што го изнервира Имер.

Погледнете ја скандалозната реакција на Имер тука

 

Scroll to Top