Франција го победи Ирак со 3:0, а Норвешка во натпревар со пет гола славеше над Сенегал со 3:2. Овие две селекции, по две рунди изборија место во нокаут фазата од групата И. Во Ј групата, Алжир со 2:1 го победи Јордан и ги задржа шансите за пласман во наредната фаза од Светското првенство.
Франција против Ирак ја оправда фавористската улога, забележа лесна победа, во Филаделфија. Поради невремето над овој град натпреварот траеше речиси четири часа.
Два гола за Франција постигна Килијан Мбапе, еден Усман Дембеле. Мбапе во чекор го следи Меси, во првите две рунди постигна четири гола.
На котата четири е и Ерлинг Халанд. Тој со два гола ја предводеше Норвешка до победата над Сенегал.
Серијата голови ја отвори Педерсен, а до полувремето Халанд зголеми на 2:0. Надежите на Сенегал ги врати Исмаила Сар, но набргу Халанд со својот втор гол им ја врати предноста од два гола на Норвежаните. Конечниот резултат го постави Сар.
Алжир, по пресврт во второто полувреме, успеа да слави над Јордан 2:1.
Алжир, сега со три бода, го преживеа првенството и во последното коло од колото ќе игра во директен дуел против Австрија за пласман во нокаут фазата.
Јордан остана без бодови и тешко е да се очекува дека со убедлива победа над светскиот шампион Аргентина, може да постигне чудесен пласман во нокаут фазата.
Јордан водеше со голот на Ал Раждан во 36-та минута, откако претходно Марез пропушти две добри шанси да му донесе предност на Алжир.
Бенбуали го врати Алжир во натпреварот во 69-та минута, а победата ја донесе Гуири во 82-та минута.
Foto/ EPA
