Актуелните светски шампиони, Аргентина, го продолжија својот поход кон одбрана на титулата со победа над Австрија (2:0) во второто коло од Групата Ј.
Сè што направија „Гаучосите“ на стадионот во Далас беше во знакот на Лео Меси. Најголемата аргентинска ѕвезда влезе во историјата на Светското првенство.
Тој ги постигна двата гола за својата репрезентација, а воедно стана и апсолутно најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Интересно е што Аргентина постигна пет гола на два натпревари, сите од еден играч, Меси.
Можеше да комплетира уште еден хет-трик, но неговиот удар од пенал во деветтата минута заврши покрај стативата. Ова беше 33-ти промашен пенал на Меси во неговата кариера (успешно изведе 116), а негов трет на Светските првенства. Првиот го промаши во 2018 година против Исланд, а вториот во 2022 година, против Полска.
Половина час подоцна, по прекрасна акција, Меси влезе во историјата со својот 17-ти гол на Светските првенства.
Stop that Lionel Messi. pic.twitter.com/NhDtbQRZQe
— Stop That Football (@stopthatfooty) June 22, 2026
Во финишот во петтата минута од судиското продолжение, тој ги постави конечните 2:0, што дефинитивно ги одведе Аргентинците во следната фаза од Светското првенство, каде што веќе се Германија, Мексико и САД.
foto/ EPA
