Top Sport

(Видео) Фудбалер на Естудијантес колабираше на теренот

Натпреварот Естудијантес – Бока Јуниорс, во Лига купот на Аргентина беше прекинат откако на теренот колабираше фудбалерот на домашната екипа Хавиер Алтамирано.

Чилеанецт кој од оваа сезона го носи дресот на Естудијантес, во 27.минута ја загубил свеста. Први кои сфатиле дека состојбата на Алтамирано е сериозна беа неговите соиграчи Енцо Перез и Аскачибар, кои почнаа да плачат. Лекарите на двата тима брзо влегоа на теренот, а потоа фудбалерот со возило на брза помош бил пренесен во болница.

За среќа, последните информации велат дека играчот на Естудијантес се освестил и е во стабилна состојба.

„Алтамирано е добро, се уште е под лекарски надзор“, изјави тренерот на домашната екипа, Едуардо Домингез.

Scroll to Top