Top Sport

Алкараз ја одбрани титулата во Индијан Велс

Карлос Алкараз е ново-стариот шампион на Индијан Велс, првиот турнир од серијата Мастерс оваа година.

Вториот тенисер во светот го совлада Данило Медведев во два сета во финалето со 7:6 (5), 6:1 за час и 44 минути игра.

Шпанецот го освои 13. трофеј во кариерата, односно петти на Мастерс турнирите.

Медведев фуриозно го започна финалето во калифорниската пустина и со брејк во вториот гем дојде до предност од 3:0. Русинот спаси три брејк топки во третиот гем, но во петтиот Алкраза успеа да му го одземе сервисот и го најави пресврт.

20-годишниот Шпанец играше се подобро и подобро особено на свој сервис.

Тај-брејкот го реши првиот сет, Алкараз поведе со 3:0 со мини брејк, четвртиот играч на светот возврати за 5:5, но два последователни поени на Карлитос успеаја за водство од 1-0.

Во вториот сет клучен беше почетокот, односно вториот гем во кој Алкараз по вторпат му го одзеде сервисот на ривалот и потоа со повеќе од сигурна игра на свој сервис ја освои 13. титула во својот кариера.

Шпанецот, во Калифорнија ја освои својата прва титула по Вимблдон, а води со 4-2 против Медведев во меѓусебните натпревари.

Scroll to Top