Top Sport

(Видео) Гол и асистенција за Јовиќ, Милан лесно се справи со Фросиноне

Фудбалерите на Милан забележаа лесна победа во дуелот со Фросиноне (3:1), во 14. коло во Серија А. Блесна Лука Јовиќ со гол и асистенција. За српскиот напаѓач ова е прв конкретен учинок во дресот на Милан.

Јовиќ конечно успеа да го искористи отсуството на Оливие Жиру. Му донесе предност на својот тим во 43.минута, Милан ја дуплираше предноста на почетокот од второот полувреме преку Кристијан Пулишиќ.

Во 74. минута, Јовиќ му асистираше на Фикајо Томори за третиот гол на росонерите.

Поразот на гостите го ублажи Марко Брескијанини, со гол од слободен удар на осум минути пред крајот на натпреварот.

Scroll to Top