Top Sport

(Видео) Големи три бода за Лече – Сасусоло тоне кон Серија Б

Фудбалерите на Лече го совладаа Сасуоло со 3:0 како гости во натпреварот од 33. коло на Серија А.

Ова беше директен дуел на екипи кои се уште не ги решиле дилемите во борбата за опстанок во Серија А. Лече речиси си го обезбеди опстанокот, на пет кола до крајот има осум бода повеќе од првиот тим кој се наоѓа во опасната зона.

Сасусло се наоѓа во тешка положба бидеќе е претпоследен на табелата.

Стрелци за гостите на стадионот „Мапеи“ беа Валентин Гендри во 11. минута, Патрик Доргу во 15. минута и Роберто Пиколи во 61. минута.

Scroll to Top