Top Sport

(Видео) Падна светскиот рекорд во маратон

Атлетичарката од Кенија, Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон. Во Лондон таа влезе во целта со време од два часа, 16 минути и 16 секунди.

Зад олимписката шампионка, второто место на трката во главниот град на Велика Британија и припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека трета беше Џојселин Џепкосгеи од Кенија.

И Асефи и Џепкосгеи трката ја завршија за помалку од 2 часа и 17 минути, односно побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време (два часа, 17 минути и една секунда) поставен во 2017 година, исто така во Лондон.

Scroll to Top