Top Sport

(ВИДЕО) Гундоган донесе победа за Сити, Хари Кејн го надмина Руни на вечната листа

Манчестер Сити го победи Лидс Јунајтед со 2:1 на дебито на Сем Алардајс на клупата на гостите. Илкај Гундоган беше двоен стрелец за „граѓаните“, а во вториот дел не успеа да реализира пенал за да стигне до хет-трик. Веднаш откако тој не погоди од белата точка, во 85.минута возврати Родриго на спротивната страна.

Тотенхем славеше против Кристал Палас со 1:0, а победничкиот гол беше дело на Хари Кејн во 45.минута. Со овој погодок го надмина Вејн Руни на вечната листа на голгетерите во Премиерлигата и сега има 209, а следна цел е лидерот Алан Ширер (260).

Челси конечно ја прекина серијата лоши резултати и победи на гости против Борнмут со 1:3. Галахер, Бадијашил и Жоао Феликс му донесоа победа на Френк Лампард.

Вулверхемптон ја победи Астон Вила со 1:0, со голот на дефанзивецот Тоти.

Scroll to Top