Top Sport

(ВИДЕО) Лајпциг го надигра Фрајбург во дуелот за ЛШ

Лајпциг стигна до значаен успех (0:1) на гости против Фрајбург и се искачи на третата позиција на табелата во Бундес-лигата. Овој триумф може да се покаже клучен за пласманот во Лигата на шампионите. Кевин Кампл во 74.минута го постигна победничкиот гол за гостите.

Аугсбург го совлада Унион Берлин со 1:0, а стрелец на голот беше Дион Бељо во 53.минута.

Борусија Менхенгладбах го победи Бохум со 2:0, а Хофенхајм славеше против Ајнтрахт Франкфурт со 3:1. Херта успеа да го совлада Штутгарт со 2:1.

Scroll to Top