Top Sport

(Видео) Гундоган со магичен гол и со брза асистенција

Ако се потврдат шпекулациите дека Илкај Гундоган ќе си замине од Манчестер сити на крајот на сезоната, тимот на Пеп Гвардиола ќе загуби многу, нешто што германскиот репрезентетивец го покажа на денешниот меч со Евертон.

Во 37. минута од мечот на „Гудисон парк“, Гундоган постигна еден од најубавите голови оваа сезона, покажувајќи ја својата имагинативност, за само две минути подоцна да му асистира на Ерлинг Халанд за 0:2.

Scroll to Top