Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд со возбуда го пречека Џек Грилиш на стартот на тренинзите на освојувачите на тројната титула, продолжувајќи го своето големо пријателство.
Халанд го прекина својот тренинг и го пречека Грилиш со зборовите: „Ете го!“, по што Англичанецот призна дека му се допаѓа новата фризура на Норвежанецот.
Халанд постигна 52 гола за Сити минатата сезона, додека Грилиш имаше 11 асистенции, и двајцата ќе бидат клучни играчи во тимот на Пеп Гвардиола и следната сезона.
.@JackGrealish x @ErlingHaaland 🤗
The bromance continues 🥹 pic.twitter.com/W2mXDLauhq
— Manchester City (@ManCity) July 19, 2023