Top Sport

(Видео) Хаос во Прага – Се тепаа играчите и тренерите на Спарта и Галатасарај

Галатасарај испадна од Лига Европа, откако доживеа тежок пораз од Спарта во Прага. Чешкиот тим славеше со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 се пласираше во осминафиналето.

По натпреварот, веднаш откако главниот судија означи крај, веројатно испровоцирани од начинот на кој Спарта го прослави последниот гол постигнат во 97.минута, играчите и луѓето од стручниот штаб на Галатасарај започнаа тепачка.

Летаа тупаници, некои од учесниците завршија на тревата, имаше и мала бркотница по теренот, но на крајот се се смири.

Scroll to Top