Натпреварот помеѓу ЦСКА Софија и ЦСКА 1948, беше прекинат во 87. минута поради упад на навивачите на теренот.
Впечаток е дека навивачите не влегоа на теренот со намера да се пресметаат, туку да кршат. И тоа го направија.
Еден од камерманите кој случајно се нашол на теренот настрада. Хулиганите му ги украле слушалките и целосно го уништиле стативот на камерата.
Полицијата ја растера толпата со солзавец.
Натпреварот на крајот продолжи и заврши со победа на ЦСКА 1948 со 2:0.
🇧🇬 Bulgaria 31.05.24 (Conference League Play-off)
CSKA Sofia – CSKA 1948 pic.twitter.com/oAVbUc5hRx— Ultrasshop.com (@ultrasshopcom) May 31, 2024