Top Sport

(ВИДЕО) Хари Кејн во два часот наутро потпиша за Баерн и ги поздрави фановите

Најлудата приказна од преодниот рок заврши рано утрово со среќен крај за Баерн Минхен. Хари Кејн, најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, потпиша во 2 часот по полноќ за германскиот првак.

Ова со ентузијазам го следеа многу навивачи на најголемиот германски клуб, кои цел ден и цела ноќ дежураа пред седиштето на Баерн Минхен. Германските медиуми посочуваат дека сега Баерн се обидува да ја реши регистрацијата и документацијата, па Хари Кејн уште денеска да дебитира за новиот клуб во Суперкупот на Германија против Лајпциг.

Потписот на Кејн стави крај на сагата која имаше драматичен расплет и во последните 24 часа.

Фудбалерот тргна на пат за Минхен, но претседателот на Тотенхем му нареди да застане и да не се качува во авионот. Додека Кејн возел кон аеродромот во Лондон, му било кажано да не оди во Минхен бидејќи наводно решените преговори се заглавени на некои детали. Со часови чекаше во автомобилот, а потоа се врати во својот дом.

На крајот, сепак, Хари Кејн доби дозвола да одлета за Минхен, а рано наутро и потпиша за Баерн.

Scroll to Top