Top Sport

(ВИДЕО) Меси учествуваше со нов гол во триумфот на Интер Мајами

Лионел Меси постигна гол во убедливата победа на Интер Мајами од 4:0 над Шарлот во четврт-финалето на Лига купот, натпреварување меѓу екипите од МЛС лигата и од мексиканската лига. Интер Мајами со тоа се пласира во полуфиналната фаза во која ќе се сретне со Филаделфија Унион.

Меси во 86. минута постигна гол за конечни 4:0 откако претходно погодија Јозеф Мартинез и Роберт Тејлор, а автогол си постигна Адилсон Маланда. Аргентинецот постигна гол откако Леонардо Кампања го најде со убава повратна топка.

Меси на тој начин стигна до бројката од осум гола во првите пет натпревари за Интер Мајами.

Scroll to Top