Top Sport

(ВИДЕО) Хоселу донесе финале за Шпанците во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Шпанија е вториот финалист на завршниот турнир во Лигата на нации откако во полуфиналето во Еншеде ја победија Италија со 2:1. Во финалната пресметка Шпанците ќе се соочат со Хрватска која претходно славеше против Холандија.

Јереми Пино во третата минута ја искористи големата грешка на Леонардо Бонучи и донесе водство за „црвената фурија“, а израмни Чиро Имобиле од пенал во 11.минута.

Фратези во вториот дел не реализира одлична шанса, а во завршницата тоа го казни  Хоселу. Напаѓачот кој е пред трансфер во Реал Мадрид имаше среќа, се најде на вистинското место и една одбиена топка ја смести во мрежата на „аѕурите“.

Избраниците на Роберто Манчини по примениот гол немаа многу време за реакција и ќе мораат да играат во натпреварот за третото место против Холандија.

Scroll to Top