Top Sport

Манчини: Можеби не игравме во нашиот вообичаен стил

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, го сподели своето мислење по поразот од шпанската селекција (2:1) во полуфиналето на Лигата на нации. Стратегот смета дека неговиот тим дал сѐ од себе во битката, но, сепак, противникот заслужено победил.

„Шпанија постигна победнички гол пред крајот, но генерално одиграа подобро од нас. Подготвивме поинаков тип на игра, но не направивме многу од планираното. Мислевме дека Киеза може да даде малку поголема длабочина. Момците дадоа сѐ од себе и има работи за кои треба да жалиме. Можеби не игравме во нашиот вообичаен стил“, изјави Манчини.

Во натпреварот за третото место Италија в недела ќе се соочи со Холандија.

Scroll to Top