Top Sport

(Видео) И без Мбапе, ПСЖ доминираше во францускиот „Ле класик“

Пари Сен-Жермен, по неочекуваниот пораз од Ница во претходното коло, се созеде и стигна до импресивна и доминантна 4:0 победа над својот најголем (вечен) ривал, Олимпик Марсеј.

На „Паркот на принцовите“, дербито со ривалот од јужна Франција, секогаш се жестоки и неизвесни, но овојпат имаше само еден тим кој играше на теренот. Само што почна мечот, во 8. минута, Ашраф Хакими ги донесе Парижани во водство, по што следуваше неочекуваната замена на Килијан Мбапе во 32. минута поради повреда.

Ова не им пречеше на домаќините, кои во 37. минута го зголемија водството преку Рандал Коло Муани, за да стават точка на мечот преку Гонсало Рамос, кој го замени Мбапе, постигнувајќи два гола во 49. минута.

ПСЖ сега е на 3. место на табелата со 11 поени, два помалку од неочекуваниот лидер Брест, додека Марсеј се на седмото место со 9 поени и без победа во последните три кола.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top