Top Sport

(Видео) Икарди промаши празен гол

Мауро Икарди никогаш нема да го заборави натпреварот против Истанбулспор. Аргентнецот промаши нешто што не се промашува.

Галатасарај доби пенал во 37.минута. Пеналот го изведе Актуркоглу, тој сакаше да изведе егзибиција, ја додаде топката до Икарди. Голманот веќе падна на погрешна страна, Аргентинецот влезе во шеснаесетникот и успеа да го промаши празниот гол.

Грешката, Икарди ја исправи пет минути подоцна кога го постигна единствениот гол на натпреварот.

Scroll to Top