Top Sport

(Видео) Фермин со деби гол спаси реми за Барса на Мајорка

Барселона повторно се враќаше во „живот“ и во седмото коло во шпанската Ла лига, каде што 20-годишниот Фермин Лопез им обезбеди 2:2 реми на гостувањето на Мајорка.

Ведат Муриќи ја донесе Мајорка во водство по само осум минути игра, а откако Рафиња израмни во 41. минута, Абдон Пратс повторно ги донесе домаќините во водство во финишот на полувремето, користејќи ја лошата реакција на одбраната на Барса. 20-годишниот Фермин влезе во игра во 65. минута на местото на Ориол Ромеу, и само десет минути подоцна, Рафиња му асистираше за израмнување.

Барса останува лидер во Ла лига со 17 поени, еден повеќе од Џирона и два пред Реал, но ривалите имаат меч помалку. Мајорка е 15. со шест освоени поени.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top