Top Sport

(Видео) Интер го победи Милан и го освои 20. Скудето

Фудбалерите на Интер како гости го победија Милан со 2:1 во дербито „Дела Мадонина“. Со овој триумф Интер и математички ја обезбеди шампионската титула за сезоната 2023/2024. На пет кола до крајот на сезоната Интер има 17 бодови повеќе од Милан.

Интер вечерва ја освои 20 шампионска титула во клуската историја. Сега има една титула повеќе од Милан. Најмногу трофеи, вкупно 36 има Јувентус.

Интер во 33 кола загуби само еден меч (на домашен терен од Сасуоло), забележа 27 победи, Јан Зомер на 19 натпревари остана несовладан. Навистина нестварна сеозна за екипата на Симоне Инзаги.

Дербито го решија ветранот Ачерби во 18. и Тирам во 49.минута. Милан во 80.минута внесе неизвесност со голот на Томори.

Самиот финиш на натпреварот донесе многу нервоза на теренот. Брзата реакција на фудбалерите на двата тима спречи тепачка меѓу Дамфрис и Тео Ернандез. Двајцата беа исклучени во 95.минута, а две минути подцна поради удрирање на притвнички играч црвен картон доби и капитенот на Милан, Калабрија.

Scroll to Top