Top Sport

(Видео) Олимпијакос ја освои младинската Лига на шампиони

Тимот на Олимпијакос до 19 години ја освои младинската Лига на шампиони за сезоната 2023/24.

Во финалето, во Нион, грчкиот претставник ги надигра врсниците од Милан со убедливи 3:0.

Головите ги постигнаа Христос Мусакитис во 59. минута од пенал, Андонис Папаканелос две минути подоцна и Теофанис Бакулас кој во 66. ги круниса блескавите седум минути на Олимпијакос.

Фудбалерот од средниот ред со „ножички“ го постави конечниот резултат против италијанскиот тим, кому не му помогна ниту еден од најголемите европски таленти Франческо Камардо.

Талентираниот напаѓач не само што не постигна гол, туку и ја напушти играта во 78. минута.

На патот до титулата, Олимпијакос во нокаут фазата ги победи Интер, Ленс, Нант и на крајот Милан.

Scroll to Top