Top Sport

(Видео) Италија, Чешка и Словенија ќе играат на ЕУРО 2024

Foto/ EPA

Италија, Словенија и Чешка вечерва обезбедија пласман на Европското првенство во Германија. На трите селекции им беше потребен еден бод за пласман, Италија во Леверкузен ремизираше со Украина, Словенија го победи Казахстан со 2.1, а Чепка со 3:0 ја совлада Молдавија.

Италијанците беа подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот, во првото полувреме имаа дури 10 удари кон голот, создаваа прилики, но не успеаја да го скршат отпорот на Украинците.

Италијанците доминираа и во продолжението од натпреварот, но замрзнаа во 65. минута кога на втората статива заборавија на Мудрик, но Донарума со одлична интервенција ги спаси.

Како што се ближеше крајот, се чинеше дека Италијанците повеќе се плашеа да не примат гол отколку да постигна гол за победа. Аѕурите успеаја да го издржат притисокот на Украинците и сепак да ги задржат 0:0 и второто место на табелата.

Чесите рутински ги совладаа Молдавците со резултат 3:0. Дудера го постигна првиот гол во 14.минута. Мочдавците во 55.минута останаа без исклучениот Бабогло, па Чешка ја потврди победата со головите на Шори и Соучек.

Словенците имаа се во свои раце по првото полувреме во дуелот со Казахстан. Бенјамин Шешко погоди од пенал во 41. минута за 1:0. Но, на самиот старт од вториот дел Оразов постигна гол за 1:1.

Словенците се плашеа до самиот крај, бидејќи еден гол можеше да ги остави без ЕП, но Вербиќ во 86. минута погоди за 2:1. Словенија по пауза од 24 години повторно е учесник на завршниот турнир.

Scroll to Top