Top Sport

(Видео) Јунајтед, конечно, со сигурна победа

Навивачите на Манчестер јунајтед, конечно, можат да бидат задоволни од играта на својот тим, откако „ѓаволите“ стигнаа до рутинска 3:0 победа во третото коло на Карабао купот, англискиот лига куп чии актуелни шампиони се.

Со Софијан Амрабат и повратникот во тимот, Мејсон Маунт во тимот, домаќините го отворија резулатот во 21. минута со убавиот гол на Алехандро Гарначо, за само шест минути подоцна Касемиро да стрела и да го осигура победникот во дуелот. Касемиро потоа му асистираше на Антони Марсијал во 55. минута за убедлива победа на „Олд Трафорд“.

Другите премиерлигаши во акција немаа толку среќа – Лутон загуби со 1:0 од Екстер, Ипсвич со 3:2 го елиминираше Вулверхемптон, додека само Барнли беше убедлив со 4:0 триумф кај Салфорд.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 3.КОЛО
Манчестер јунајтед – Кристал палас 3:0
Бредфорд сити – Мидлзборо 0:2
Ексетер – Лутон 1:0
Ипсвич – Вулверхемптон 3:2
Менсфилд – Питерборо 2:2, 3:1 пен.
Порт Вејл – Сатон 2:1
Салфорд – Барнли 0:4

Scroll to Top