Top Sport

(Видео) Јунајтед со тешка победа над Вулфс, ВАР ги спаси во 96. минута

Манчестер јунајтед не импресионираше пред сопствената публика на „Олд Трафорд“, но запечати три поени во последниот меч од првото коло во англиската Премиерлига, стигнувајќи до минимална 1:0 победа над Вулверхемптон.

Со новите засилувања Андре Онана на голот и Мејсон Маунт во средината на теренот (Расмус Хојлунд уште е повреден), тимот на Ерик Тен Хаг не импресионираше со својата игра во летаргичното прво полувреме, во кое иако имаше повеќе од поседот на топката, немаше многу сериозни шанси пред противничкиот гол.

Победата ја осигура дефанзивното дуо – Арон Ван-Бисака му асиситираше на Рафаел Варан, кој во 76. минута го постигна единствениот гол на мечот. Во хаотичната завршница на мечот, Вулфс бараа пенал по стартот на Андре Онана над Саша Калајџиќ, но и по ВАР проверката не го добија.

Scroll to Top