Top Sport

(Видео) Депај со „ракета“ донесе три поени за Атлетико

Aтлетико Мадрид ја стартуваше новата сезона од шпанската Ла лига со тешка 3:1 победа над Гранада, за што најзаслужен беше Мемфис Депај, постигнувајќи неверојатен гол од далечина.

Алваро Мората го донесе тимот на Диего Симеоне во водство во финишот на првото полувреме, но гостите успеаја да се вратат во игра во 62. минута со убавиот гол на 19-годишниот Саму Омородион, во неговиот прв меч во шпанската Ла лига.

Само пет минути подоцна на сцена стапи Холанѓанецот Депај, кој со прекрасен гол ја врати предноста на „рохибланкос“, пред Маркос Љоренте во 97. минута од мечот да стави печат на победата и првите три поени во шампионатот 2023/24.

Scroll to Top